Неверојатни хотели од целиот свет во кои ќе сакате да останете засекогаш
За да отидете на одморот од соништата, треба да планирате однапред. Иако сезоната на одмори заврши и веќе сите се вратија на работа, тоа не значи дека не можете да го планирате вашиот следен одмор. Доколку сакате нешто навистина неверојатно, сигурно ќе ви се допаднат овие прекрасни хотели ширум светот.
Подземни сребрени соби, Шведска
Ако сте уморни од постојаното ѕвонење на вашиот телефон и сите електронски направи што ви го одвлекуваат вниманието, упатете се во Подземните сребрени соби. Овој хотел е сместен 155 метри под земјата во историски рудник за сребро во Шведска. Па, овде не стигнува никаков телефонски сигнал. Додека минувате низ темните и тесни тунели за да стигнете до вашата соба, ќе почувствувате како било да се работи овде. Не заборавајте да понесете и топла облека. Иако собите се затоплени, во ходниците температурите се навистина ниски.
Висечки градини во Бали, Индонезија
Доколку сакате одлични фотографии за на Инстаграм или едноставно уживате да бидете во природа, ова е место што не треба да го испуштите. Базенот е навистина неверојатен, па не треба да ве чуди зошто е еден од најфотографираните. Густата дождовна шума и неверојатната тропска клима го прават ова место совршено за секој љубител на природата.
Ложата Ту Ту Тун, Орегон, САД
Кога ќе ги видите овие куќи ќе останете без зборови. Доколку навистина сакате да се релаксирате и да избегате од реалноста, упатете се овде. Сместен на брегот на реката Роуг, овој хотел е совршено место за опуштање. Реката и нејзиното живописно опкружување го прават местото како да излегло од разгледница.
Одморалиште Ладера, Света Луција
Ако сакате да живеете во џунгла, ова одморалиште е само за вас. Со поглед кон познатите планини Питон, синото Карипско Море и опкружено со густа шума, ова место е помагично отколку што можете да замислите. Собите имаат само 3 ѕидови, а четвртиот е отворен и изложен на неверојатната природа. Па, можете да имате многу неочекувани гости од шумата за време на зајдисонцето.
Бамбу Инда, Бали
Водниот свет има магичен шарм, па секој хотел што ви овозможува да го гледате е посебен. Иако постојат неколку хотели кои ви нудат да ѕирнете во морскиот свет, Бамбу Ида е можеби најдобриот. Дел од собите се сместени над езеро и имаат стаклен под преку кој можете да гледате во водата. Немојте да се грижите, подот нема да се скрши.