Договорот од Преспа денеска и утре во грчкиот Парламент

Пленарната седница во грчкиот Парламент за ратификација на Договорот од Преспа започна денеска , а гласањето на пратениците ќе биде утревечер.

Седницата ќе трае колку што ќе биде потребно, односно во зависност од бројот на пријавени пратеници за збор.

Проценките се дека Договорот ќе биде ратификуван со најмалку 151 глас, но медиумите очекуваат дека тој ке биде ратификуван со 153 гласа „за.

Комисијата за надворешни работи и одбрана на грчкиот Парламент вчера усвои нацрт закон според кој се ратификува и стапува во сила Договорот од Преспа.

Translate »