УНИБанка со јубилеј: 30 години придонес кон развој на локалната економија и поддршка на бизнисите
УНИБанка – Скопје прослави јубилеј 30 години од своето работење. Огромен број на гости, соработници и клиенти, претставници од финансиските институции во земјава, како и вработените на Банката, можеа да уживаат во одличната атмосфера и забава, која беше организирана во х. Double Tree Хилтон.
Во одличната организацијагостите уживаа во музичките изведби на Гудачкото трио, а атмосферата дополнително ја загреа младата и талентираната Ана Петан со нејзиниот бенд, со што УНИБанка покажа дека е поддржувач на македонската култура, и дека општествената одговорност е важен сегмент од нејзиното работење.
Јубилејниот настан беше и прилика на тројца вработени кои работат во банката 30 години,за лојалноста и трудот да им се оддаде признание со доделување на плакети и златни монети.
Милка Тодорова – Извршен директор и Претседател на Управен одбор на УНИБанка, во инспиративниот говор рече дека благодарение на Уни Банка многу деловни субјекти го унапредиле својот бизнис:
“Пред 30 години УНИБанка Скопје го прифати предизвикот да биде иновативна и модерна банка. 30 годишното насобрано искуство и знаење, изградената доверба, континуитетот во воведување банкарскииновации, се причина денес УНИБанка да се перцепира како сигурна, динамична и иновативна банка, препознатлива по своите современи банкарски производи креирани според потребите на клиентите, изјави Тодорова во своето обраќање.
Истакна дека со помош на УНИБанка многу деловни субјекти го унапредија својот бизниз и реализираа инвестиции, а бројни индивидуални корисници ги остварија своите соништа. За неа УНИБанка е многу повеќе од само банка, пред се партнер и консултант на своите клиенти, поддржувач на бројни општествено одговорни проекти, лидер во воведувањето дигитални решенија и електронско банкарство, придонесувајќи во зголемувањето на ефикасноста и намалувањето на трошоците во работењето на клиентите. 2023 е рекордна година за нас, што е потврда за високата доверба која Банката ја ужива, како и за правилната стратегија”
УНИБанка е единствена банка на македонскиот пазар која прави увоз и тргување со инвестицискo злато, што вклучува тргување со златни плочки и монети со највисока чистота, и која како резултат на тоа го има епитетот “The bank of gold”.
Изминатите 30 години УНИБанка успеа да даде значаен придонес кон развој на локалната економија, поддршка на бизнисите и креирање на нови работни места. Дигитализацијата и иновациите, како и општествено одговорното работење и негувањето вистински вредности и тоа и во иднина ќе остане приоритет во работењето на Банката.