Сања Петровска Поповиќ: насмевката е најубавиот украс што можете да го имате, a одењето на стоматолог може да биде пријатно искуство!
Не се раѓаме со страв од стоматолог, туку во повеќето случаи тоа е стара перцепција која е создадена во минатото. Стравот од одење на забар денес е навистина непотребен. Работите се толку многу променети, стоматологојата е напредната, што тој страв е неоснован. Се работи со современа опрема, и буквално отстранувањето на кариесот може да биде безболно. Важно е да се оди превентивно, и секако да се одбере правиот стоматолог.
Сања Петровска Поповиќ е веќе докажан стоматолог, вистински професионалец во областа. Урбан женски лик, секогаш ведра и отворена за комуникација со своите пациенти кои доаѓаат во ПЗУ Бабамова. Со својот позитивен пристап успева кај своите пациенти да го сузбие стравот од стоматолог кој е најчесто неоправдан. Вљубеник во својата професија – стоматолог, но и во животот. Таа се труди да ужива во секој миг и работите да ги прави со насмевка. Токму таква насмеана ја сретнавме во ординација, поставувајќи им непосредни и отворени прашања на своите клиенти. Со цел да едуцираме и да поттикнеме здрава навика за посета на стоматолог, нашата редакција се реши на разговор и да и постави неколку прашања на Сања.
1. Зошто е важна посетата на стоматолог?
– За зачувување на оралното здравје, пред се! Редовната посета на стоматолог овозможува да се одржат здрави непцата и забите. Навремено се лоцираат проблематичните зони и се решаваат во почетна фаза. Колку повеќе се чека за посета на стоматолог проблемите стануваат посериозни, за санација се потребни покомплицирани интервенции, а со тоа е поголем финансиски издаток.
Се спречува проградирање на гингивитот и кариесот кон посериозни стадиуми како што се пародонтопатија и губење на забите. Губењето на забите со тек на време доведува до измена на насмевката и целосната физиономија на пациентот, а исто така влијае и на квалитетот и начинот на кој што пациентот се храни. Односно, недоволно изџваканата храна и конзумирање на крупни парчиња може да доведе до оптеретување на желудникот и отежнато варење на храната.
Има и многу други заболувања кои се поврзани со запоставената орална хигиена. Затоа редовната посета на стоматолог е важна за зачувување на оралното, но и на целокупното здравје на човековото тело.
2. Дали и колку ве исполнува чувството дека им помагате на луѓето?
Сум комуникативна личност, ја сакам својата професија и сакам што во мојата професија има интеракција со луѓе. Во принцип, сите го занемаруваат своето здравје се додека не го изгубат, па потоа почнуваат да го вреднуваат и да се грижаат за него. Мило ми е што јас можам да помогнам и пациентите тоа го ценат. Секогаш го вложувам својот максимум и кога ќе се добие посакуваниот резултат ме исполнува среќата и насмевката на лицата на моите пациенти.
3. Кои се најчести грешки при нега на забите?
Низ праксата осознав дека пациентите ги четкаат забите само наутро. Забите се четкаат наутро (за да ги зачуваш пријателите) и навечер пред спиење (за да ги зачуваш забите) J
Исто така дека кратко време ги четкаат забите. Оптимален минимум на време за четкање заби е 3 минути.
Се игнорираат останатите структури во усната празнина како што се непцата, јазикот и букалната лигавица. Непцата се одржуваат со четка, а за јазикот и лигавицата постојат посебни чистачи за јазик. Редовното чистење на овие структури превенира воспалени напца и fetor ex ore (лош здив).
– Четкаат преагресивно. Мислат дека ако се употреби притисок и брзина подобро ќе исчеткаат. Но со ова тие можат да доведат до оштетување на структурата на емајлот на забите, оштетување на непцата и да добијат сензитивни заби особено во пределот на вратот на забите.
– Користењето четка со цврсти влакна, во комбинација со агресивно четкање исто така доведува до оштетување на структурите и до сензитивни заби.
Четката е најважна во одржувањето на оралната хигиена (многу поважна од пастата за заби). Истата треба да биде со меки влакна.
За нежно и темелно чистење на забите ги препорачувам четките од Мизуха чии влакна се меки, но воедно збогатени со природен кварц. Кварцот испушта негативни јони што делува антибактериски и го намалува создавањето на забни наслаги. Со овие четки се препорачува четкање без или со минимално количество на паста.
4. Кој е вашиот совет?
Четкајте ги забите правилно наутро и навечер пред спиење. Користете четка со меки влакна. Не чекајте да почне да ве боли заб, туку одете на редовна контрола на секои 6 месеци кај вашиот стоматолог.
Смејте се ,правете ги работите што ве прават среќни. И не заборавајте дека насмевката е најубавиот украс што можете да го имате.
„Ајде да се среќаваме со насмевка, бидејќи насмевката е почеток на љубовта” – Мајка Тереза.