Столтенберг: Ќе имате рамноправен глас во носењето одлуки како сојузник во НАТО

„НАТО амбасадорите само што го потпишаа пристапниот протокол за Република Сверна Македонија и сакам да ги поздравам Скопје и Атина што покажаа посветеност и храброст во спогодбата за името, изјави секретарот на НАТО Столтенберг и кажа дека откако сите сојузници ќе го ратификуваат протоколот Македонија ќе стане 30та членка на сојузот.

„Ќе имате рамноправен глас во носењето одлуки како сојузници. Веќе давате важен придонес во сојузничката безбедност и спроведувате големи реформи. “

Генералниот секретар рече дека пристапувањето на Република Северна Македонија ќе донесе повеќе стабилност на Западниот Балкан и за Евроатланската безбедност.

„Од денес вашата земја ќе учествува во состаноците на НАТО како поканета земја“, истакна на заедничката конференцијата со министерот Димитров, Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Translate »