Проверете го вашето здравје – 5 тестови кои може да ги направите дома, а се показател дека треба да посетите доктор

Од балансирање на една нога, тест стани-седни, мерење на струкот со употреба на висината – овие тестови можат да бидат многу корисно предупредување за луѓето кои што имаат проблеми со своето здравје.

Во време на пандемија коронавирус, поголемиот дел од луѓето фокусот го ставија кон своето здравје, но и здравјето на другите.

Постојат некои тестови кои што можат да бидат аларм и упат за посета на доктор, а може да ги направите дома, пренесува „The Sun“.

1. Тест за рамнотежа

Овој тест се темели на претпоставката дека одржувањето на рамнотежа е показател за функционалноста на вашиот мозок. Според тоа, секоја личност треба да може да одржи рамнотежа стоејќи на една нога, над 20 секунди. А, сите оние кои што не можат да го постигнат тоа треба да посетат доктор, освен доколку за тоа не постои друга физичка причина, на пример повреда на ногата.  

Јасухар Табар, на Универзитетот во Кјото направил истражување во кое што учествувале 1.300 испитаници (мажи и жени), на различна возраст. Сите требало да стојат на една нога, со отворени очи и да одржат рамнотежа околу 20 секунди.

Потоа било проверено здравјето на нивниот мозок, па над 30 отсто од испитаниците кои се мачеле да ја одржат својата рамнотежа, покажале дека имаат проблеми во нивниот мозок, како на пример задебелени капилари.

2. Броење бенки

Броењето бенки на вашето тело може да биде долг и тежок процес, но истражувачи од Кралскиот колеџ во Лондон утврдиле дека новата метода која што може да се користи во општа пракса е брза во утврдување на бројот на бенки на вашето тело. Бенките лесно се пребројуваат на помала и подостапна површина, на пример на рацете.  

Иако само 20-40 отсто од меланомот произлегува од постоечките бенки, нивниот број е еден од најважните показатели за ризик за развој на рак на кожата. Се смета дека со секоја дополнителна бенка на телото се зголемува и ризикот за добивање рак на кожа, за четири отсто.  

Бројот на бенки на десната рака, најдобро го покажува вкупниот број на бенки на целото тело. Луѓето со повеќе од седум бенки на десната рака, имале девет пати поголем ризик дека нивниот вкупен број на бенки на телото е поголем од 50. Доколку нивниот број е поголем од 11, по целото тело нив веројатно ги имате над 100, што значи опасноста од развој на меланом е зголемена.  

3. Тест „седни-стани“

Мерењето на флексибилноста и силата, можно е да „предвидат“ дали ќе живеете долго или пак сте под ризик од предвремена смрт, тврди бразилскиот доктор Клаудио Араујо.

Тој осмислил едноставен тест за здравје и долговечност „седни-стани“, за кој смета дека за оние кои што се во 50-те години, е цврст показател за долговечност.

Застанете боси на рамна површина, па обидете се да се спуштите на подот во седечка позиција така што нема да си помагате со рацете, колената, лактите или пак нозете.

4. Тест со конец

Неколку килограми вишок не мора да значи дека имате некаков здравствен проблем и дека тоа може да го зголеми ризикот од дијабетес тип 2, срцеви болести, 13-те видови канцер и моментално тешкиот Ковид-19.

Но, маснотијата која што ја поседувате околу стомакот, позната како висцеларна маст – навистина е опасна.

Еден од брзите начини за следење на таа ситуација е да направите тест со конец. Измерете ја вашата висина со конец, а потоа преполовете го.  Златното правило е дека вашиот струк треба да биде помал од половина од вашата висина.  

5. Тест со ножни прсти

Допирањето на ножните прсти може да биде начин да проверите колку сте флексибилни.

Зошто е тоа важно? Научниците велат дека тоа е поврзано со здравјето на вашето срце.

Седнете на под, а со грбот допирајте го ѕидот. Обидете се да ги допрете вашите ножни прсти. Доколку имате 40 и над 40 години и не можете со рацете да ги допрете вашите ножни прсти, тогаш можеби сте изложени на поголем ризик од кардиоваскуларни болести.

Translate »