Милијардерот Бафет – во што е најпаметно да се вложи за време на Ковид-19. Mногумина се изненадени од неговиот одговор!

Овој Американец ‘не сопира’ ниту во поодминати години (89) кога станува збор за работа, а еве како ги советува младите инвеститори…

Американскиот милијардер и инвеститор, Ворен Бафет стана синоним за ‘добар бизнис’, а доколку во нешто навистина се разира тогаш тоа е вложувањето.

Тој речиси никогаш не греши кога вели дека ‘луѓето повеќе треба да се насочат кон она кое што го зборуваат, отколку кон нивниот пристап на работа’. Тој инвестирал во „Apple“, „Coca-Cola“ и многу познати компании во светот, а на прашањето во што треба најмногу да се вложува, тој крајко одговара ‘во СЕБЕ’.

„Прво, мора да научите да комуницирате, како писмено, така и усмено. Тоа ќе ја зголеми вашата вредност, барем за 50 отсто“ – вели Бафет и додава:

„Доколку знаете да комуницирате со луѓето, тоа е како да ѝ намигнувате на девојка во мрак“.

Со самото тоа, Бафет советува дека секој човек мора да води сметка за своето тело и ум и дека не смее да се занемари себеси, малку сон и харизма се предусловот за успех на работа.

„Доколку ви дадат автомобил, кој би бил единствениот до крајот на вашиот живот, тогаш вие сигурно би се грижеле за него“ – вели Бафет.

Потоа тој додал дека вложувањето во себе, во своите знаења и потреби се клучот на успехот во животот, затоа што секој од нас има едно тело и еден ум, за кои секогаш треба да се труди во својот живот.

Translate »