Петар Богојески: смешно е кога Бугарија нѐ обвинува за врски со Русија
Загрижувачко е однесувањето на политичкиот врв во Бугарија, коj никако да разберe дека Македонија е независна и суверена држава и ќе прави што сака, во рамки на меѓународно преземените обрски, реагира Македонски концепт по последната изјава на министерката Екатерина Захариева која беше изненадена што нашата држава сака да има добри односи со Србија.
„Бугарските политиканти никако да разберат дека изјавите кои ги даваат Захариева, Каракачанов, Ковачев и останати, по трипати на ден, се дирекно мешање во внатрешните работи на Македонија. Дали тие се игра и главната цел им е да испровоцираат македонска реакција за да се прават жртви пред ЕУ? Најсмешно е кога Бугарија зборува за наши врски со Русија!
Сите сме свесни дека половина бугарски партии ѝ служат на директно на Русија, вклучително и претседателот Радев, и не сакаа да го осудат незаконско малтретирање на рускиот народ (случај Навални), фатија десетици агенти на ГРУ во Софија, имаат руска партија во Бугарија, ВМРО-БНД во штаб во Варна го имаше руско знаме со години, а тие зборуваат за руски врски на Македонија.
Тие ни го наметнаа најголемиот измамник за конзул во Македонија, учествуваа во државен пуч во земјава, продаваат бугарски пасоши како ченгии по македонски пазари, во длабока љубов се со сите удбаши и разноразни бугараши, финансираат антидржавни здруженија и партии во земјава, форсираат антимакедонски портали со српски пари, сите македонски активисти кои поткрепуваат македонско – бугарско пријателство ги прогласија за српски платеници, проектот ‘Јазиците на Македонија’ на Македонски концепт го прогласија за антибугарски затоа што предвидувал изучување на бугарски јазик во Македонија посебно од македонскиот јазик, за сега да го бараат истото. На крај повторно виновна е Македонија.
Време е Бугарија да се соземе и понесе одговорност за обид за уништување на македонската држава и нејзино туркање кон анти-НАТО земји и спречување на проширувањето на ЕУ на Балканот“, порачуваат од Македонски концепт.