Што ќе се носи ова лето: Сандали од природна кожа!
Со порастот на температурите се повеќе се наметна потребата од носење лесни и удобни сандали од природна кожа, прилагодени на индивидуалните потреби. Чевлите или сандалите од вештачка кожа се поевтини, но не се удобни и не се здрави за нашата кожа. Може да предизвикаат разни осипи на кожата и да создаваат габички. Најдобар избор се рачно изработени сандали и обувки кои се пријатели на животната средина изработени од природна вагета кожа од природни бои без хемикалии кои не се штетни за околина и за здравјето на човекот.
Ќе се сложите сандалите и чевлите се важен детаљ во аутфитот на еден човек. Велат оној кој носи добри обувки, има добар вкус. Тие додаваат и одземаат вредност на тој што ги носи! Покажуваат статус, даваат самодоверба, едноставно ни овозможуваат да се чувствуваме убаво.
И нема поголема радост кога ќе си најдеш убави и удобни сандали, кои како да се направени за тебе!
Уникатни парчиња, рачно изработени произведени од природна италијанска кожа. А кога италијанскиот стил ќе се спои со македонската традиција, и кога сандалите и чевлите ќе произлезат од рацете на врвни македонски мајстори, како што е случајот со чевлите и сандали создадени од Тргокожа Битола, тогаш сигурно станува збор за нешто трајно, вредно и квалитетно.
Во нашата земја ретко се среќаваат производители на обувки кои рачно изработуваат чевли, една од нив е Тргокожа од Битола. Тие создаваат чевли и сандали според светските трендови кои налагаат покрај добриот дизајн, обувките да бидат удобни и од квалитетен материјал. Овие сандали и чевли доаѓаат од семејството Талевски кое веќе три генерации произведува чевли, според вкусот на клиентите, и кое во своите производи внесува огромна страст и енергија со цел да создаде повеќе од производ, нешто што се сака! Безвременски обувки од стара битолска занаетчиска работилница. Вреди да се пробаат!