Зошто во ЕУ се преферира изградба на дрвени монтажни куќи?
Монтажните дрвени куќи се создаваат така што прво се изработуваат составните делови (модули), кои потоа се пренесуваат до местото каде се гради куќата, и се спојуваат на лице место. Целиот процес трае неколку дена. Благодарениена новите технологии и висококвалитетни материјали кои се употребуваат, нивниот квалитет постојано се подобрува. Имаат одлични изолациони и естетски карактеристики, што е причина монтажните куќи полека но сигурно, се повеќе да ги истиснуваат традиционално градените куќи. Особено успешна на ова поле кај нас е компанија Гео-Инг http://www.geo-ing.com/.
Дрвените монтажни куќи можат да одолеат на ветар со брзина од 200 км/час, на пожар, а поради својата еластичност гарантираат постојаност и при силни земјотреси и движење на земјиштето.
Благодарение на германската технологија за обработка на дрво, со модерни компјутерски програми за конструирање на производите, секако и со познавањето карактеристиките на различните видови дрво имаме можност да креираме трајни објекти кои го облагородуваат просторот, објекти кои едноставно ги одземаат воздишките на луѓето, велат од компанијата Гео-Инг.
Монтажните куќи можат да се надградуваат
Производителите на монтажни куќи нудат изведба на семејни објекти со различна димензија и катност, со помал или поголем број на простории. Овие куќи можат да се надградуваат доколку на почеток на инвестицијата се нема доволно средства за поголем објект, па едно семејство може да се реши за помал простор, кој подоцна може да се прошири со нови модули.
Цена
Монтажните куќи со цени од 200-400 еур по квадрат се поефтини од традиционалните од повеќе причини:
– Потребно е многу помалку време за изградба. Префабрикуваните делови се изработуваат во затворени погони по строго опрделени услови, каде загубите на материјали се сведени на минимум, а процесот на производтсво не зависи ниту од временските услови.
–Поголема ефикасност на производниот процес. Благодарение на новите технологии и сериското производство, процесот на изведба е многу пократок, поорганизиран и систематичен. Не се губи време како кај традиционалната изведба, еден мајстор да заврши па друг да почне со работа.
–Енергетско ефикасни објекти кои имаат одлична изолација. Во зидовите се вградува пресуван стиропор и стаклена волна, посебно на таваните и во темелите. Се употребува квалитетна ПВЦ столарија со дупли стаклени панели исполнети со инертен гас. Објектите се еколошки.
-Подобро се управува со отпадот и вишокот на материјал, кој во фабричките хали повторно се користи, на пример гредите кои останале можат да се претворат во иверки, и да се употребат во зидовите.
-Сепак главна предност е брзината на изградбата.
- планирање и договарање. Прво треба да се најде плац кој ги има сите потребни инсталации (вода, струја, канализација) и пристапен пат. Потоа се бараат потребните градежни дозволи. Со производителот се договара видот на монтажната куќа, големината, изгледот, материјалите кои ќе се вградат.
- Производство. Кога се дефонирани плановите и нацртите, се почнува со производство, кое може да трае месец до два, зависно од големината на куќата.
- Конструкција и монтажа се прави на плацот на лице место.
Како се прават монтажните куќи? На два начина:
1. Префабрикуваните профили се изработуваат во фабрика, а се монтираат на плацот.
2. Целата куќа се изведува во погон, па потоа со шлепер се носи до плацот.
Главни материјали за изградба се дрво и дрвени панели (заштитени со средства против инсекти) гипсени плочи, стаклена и камена волна, ПВЦ фолии и друго. Како се прават зидовите. На дрвени греди се поставуваат дрвени панели или ОСБ плочи, меѓу нив се ставаат гипсени плочи, стаклена и минерална волна. Од надворешната страна се става стиропор, пластичен малтер или друг материјал кој има добри изолациони својства. Истовремено во внатрешноста на зидовите се поставуваат ребрасти црева за електрични и телефонски инсталации,како и цефки за водовод и канализација. Зидовите и елементите се носат до плацот и се монтираат на финалните темели. темелите можат да бидат класични со плоча, кои треба да бидат длабоки 40-50 см.
Готовите зидови се поставуваат на темелите, и се поврзуваат со метални анкери. Потоа се става кров исто така од префабрикувани материјали, плоча и греди. Измеѓу гредите се става минерална волна или стиропор. Сите елементи се покриваат со пластична фолија. Од надворешната страна сепоставуваат и олуци.
Плафонот се прави од гипсена плоча, додека конструкцијата е од алуминиумски ЦД профили, на кои се поставува термоизолација од стаклена волна. фасадата е по желба на купувачот, и може да биде од дрвени панели, фасадна цигла, демит фасада, бавалит или слично. Потоа се преминува кон внатрешно уредување. Изведба на санитарни чворови, канализациона и водоводна инсталација, електро и телефонска инсталација.
Целиот процес е краток, а се добива функционален и долготраен објект по највисоки стандарди за домување.