Магла и одрон на патиштата низ Македонија

loading...

Магла и одрон има вечерва на патиштата низ Македонија.

Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, до 100 метри на Страцин, од 100 – 150  метри на патниот правец Неготино – Радовиш, до 100 метри на  планинскиот превој Ѓавато и до 50 метри на планинскиот превој Плетвар.

На патниот правец Р1105 Валандово – Удово пред клучката кај Калковска Река од 16.30 часот сообраќајот е во целосен прекин. Таму се работи на расчистување на водата и наносите од земја на коловозот од страна на екипите на Ј.П. Македонијапат. Сообраќајот се пренасочува преку Р1401 Валандово – Брајковци – Балинци – Марвинци и обратно.

Translate »