Ужас во Загреб! Момче загинало од струен удар правејќи селфи!

Момче на 14 години почина од електричен удар на покривот на товарен вагон во понеделникот вечерта на  централната железничка станица во Загреб, пренесуваат хрватските медиуми,  повикувајќи се на извори од полицијата .

Тинејџерот го загубил животот,   обидувајќи се да направи селфи  качен на вагонот.

Пожарникарите кои  биле алармирани поради огнот на станицата, затекнале ужасна глетка кога пристигнале: момчето било во пламен  и тие не можеле да го спасат. Брзата помош само констатирала смрт.

Несреќата се случила  во 18. 40 часот на железничката станица  во Магазинската улица,  а тинејџерот најверојатно бил во друштво со уште еден врсник.

 

 

Teška nesreća u Magazinskoj u Zagrebu, jedna osoba poginula od strujnog udara na vlaku

Posted by Index Vijesti on Monday, January 8, 2018

Translate »