ВНУКАТА НА ТИТО СЕ ПОТСЕТИ НА НЕЈЗИНИОТ ПОКОЕН ДЕДО И ТРОГНА МНОГУМИНА: „НАЈГОЛЕМИОТ ДОСЕГА, БЕШЕ ВЕЛИКАН И ОСТАНА“ (ВИДЕО)
Саша Броз, внука на Јосип Броз Тито, се потсети својот сакан дедо со емотивно видео што го објави по повод 40-годишнината од неговата смрт.
– Промената нема да дојде ако чекаме друго лице или друго време. Ние сме тие што го чекаме. Ние сме промената што ја бараме – цитат од поранешниот американски претседател Барак Обама споделен од Саша со видео направено од приватни фотографии на Тито и Саша.
51-годишната театарска режисерка допре до многумина со видеото кое е споделено повеќе од 160 пати за само неколку часа. „Најголемиот досега“, „Великан беше и остана“, „Еден е Тито“ се само неколку од коментарите подолу. Имаше и такви кои Саша со видеото ги потсети на безгрижниот живот и детството.
– Јосип Броз Тито беше одлична личност, воен лидер, државник и патриот. Нашето детство беше убаво во негово време. Човекот, работникот и народот се почитуваа со достоинство. Лесна му земја – се вели во еден коментар.
На поранешниот југословенски претседател неодамна се сети и Северина по повод Денот на трудот.
– Дозволете ми да ви го честитам 1 мај, празник на работничкиот народ! Нека ова биде во чест на сите работници, особено во овие времиња, медицински сестри, лекари, дуќанџии, фармацевти, негуватели, претежно жени, кои се хероини на првата линија на оваа пандемија, за после мажите да се фалат со нивните дела – напиша Северина, со фото-монтажа како позира со поранешниот југословенски претседател Јосип Броз Тито.