„Ќе стојат мирно на химната оние кои ни менуваат име, јазик и тие што ги описменивме“ – коментаторите на МТВ откачија по победата на Македонија

Македонските коментатори Тони Стојановски и Горан Стерјов ги освоија симпатиите меѓу македонските фанови, по нивниот завршен коментар по пласанот на Македонија на Европското првенство 2021 година.

Кога нè оспоруваат: и име, и презиме, и нација, и ген… eве нè во Европа! Меѓу сите тие што ги описменивме. Ќе нè дочекаат наредниот јуни, ќе ја поздрават нашата репрезентација. Ќе стојат мирно на нашата химна! Ова е порака од сите: православни христијани, Македонци, Албанци, Турци што играат за оваа репрезентација: нашата држава треба да ја чуваат тие што ja водат – и едните, и другите, и третите и четвртите! Ова е голема победа за Македонија! Ова е победа за радост на душата. Да цитирам зборови од нашата поезија: Сега душата се радува затоа што има, зошто душа да е! Оваа Македонија ќе живее! Ќе живее уште!“, истакна коментаторот Стојановски на крајот од мечот со Грузија, кој Македонија го доби со 1:0 со погодокот на Пандев.

Translate »