Полициски час во Македонија – Владата ги почна подготовките за најстроги рестриктивни мерки

Владата синоќа ја задолжи Комисија за заразни болести при Министерството за здравство, да подготви детален писмен предлог со мерки и препораки за воведување на најстроги рестриктивни мерки во врска со спречување, внесување и ширење на коронавирус COVID-19.

Според податоците тоа би требало да значи видови на забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија за време на ден и во ноќ, организирање на јавниот превоз, сменско работење, опфатени категории на лица по возраст.

Комисијата овие предлози треба да ги достави до Владата.

Владата го задолжи МВР, МО и АРМ да направат детален оперативен план за спроведување на најстроги рестриктивни мерки што ќе ги преземе Владата, со цел спречување, внесување и ширење на коронавирусот COVID – 19.

Translate »