Анализа: Како се чуваат парите во приватните пензиски фондови?

Сите вработени по 1 ви јануари 2003 година станаа задолжителни осигуреници во вториот пензиски столб. Тие имаат право да изберат кое e двете пензиски друштва може да ги чува нивните пари од уплатени придонеси. Сумата со која располагаат приватните пензиски фондови од нивното формирање досега – е во пораст. На крајот од 2018 година во нив членувале 490.035 осигуреници.

Во исто време овие членови се и дел од државниот пензиски систем, како осигуреници во ПИОМ. Со реформата во 2007 та година тогашната власт одлучи да спроведе реформа на расчленување на пензискиот систем – државен столб, втор приватен столб и трет доброволен приватен столб кој често се нарекува „столб за богатите“, се вели во анализата  „Порталб.мк“.

Целта беше да се обезбеди зголемување на пензиите преку членството во вториот и во третиот столб на начин што приватните пензиски друштва нема пасивно да ги чуваат парите на осигурениците – туку ќе ги „оплодуваат“ преку нивно инвестирање во различни инструменти: акции, инвестициски фондови, хартии од вредност.

При пензионирање, идниот пензионер ќе добива пензија од два извори, од ПИОМ и од приватниот пензиски столб од кој „заштедените пари“ ќе може да ги повлекува преку месечна рата (како дел од месечна пензија) но постои и можност за т.н „програмирано повлекување“ или постепено повлекување на парите.

Според последните податоци, на крајот од 2018 година во КБ Прво пензиско друштво членувале 254.724 осигуреници а во САВА имало 235.311 членови.

Со реформата за воведување на втор задолжителен и трет доброволен пензиски столб во 2007 година од корен се променија контурите на пензискиот систем.

Официјалните податоци од МАПАС – Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување покажуваат дека на крајот од 2018 година двата пензиски фондови, КБ Прво пензиско друштво и САВА, располагале со вкупно 1.046.384.877 евра.

Според законската регулатива, приватните пензиски фондови имаат можност и обврска да ги менаџираат парите на осигурениците со најмал ризик. Така, една од опциите е да ги инвестираат средствата на домашниот и на странските финансиски пазари, со цел да се зачува и да се зголеми нивната вредност.

„Порталб“, повикувајќи се на официјални податоци од МАПАС,  анализира дека најголем дел од парите на осигурениците во двата приватни пензиски фондови се вложени во обврзници на домашниот пазар, во случајов најголем дел во државни хартии од вредност поради што и приватните пензиски друштва се сметаат за позначајни владини кредитори.

Актуелната власт влезе во процес на реформи на Постоечкиот пензиски систем. Во пакетот мерки во оваа фаза, Владата одлучи да не се зголемува старосната граница за пензионирање и да не се „замрзнуваат“ пензиите, но се посегна по други решенија: прилагодување на стапката на придонеси, усогласување на пензиите по нов модел, прилагодување на „заменски стапки“ кои се однесуваат на првиот и на вториот пензиски столб и тековно ловење на грешки во системот.

Translate »