ФФМ :Насилството раѓа насилство. Сопри го, не го разгорувај.

Фудбалската федерација на Македонија се приклучува кон кампањата на Агенцијата за млади и спорт во процесот на спротивставување и спречување на сите појави на насилно делување и говор на омраза на спортските натпревари.

Фудбалот е еден од најголемите амбасадори на нашата земја, промотор на фер-игра, на социјално и општествено вклучување, промотор на здравје и едукација во нашето општество. Фудбалот ги зближува луѓето без разлика на полот, расата, религијата или политичките ставови. Токму затоа фудбалот бара да бидеме одговорни.

ФФМ, како општествено одговорно здружение преку поддршка на кампањата потврдува дека се залага за покренување на свеста во борбата против сите појави на насилно делување и говор на омраза на спортските натпревари.

„Жарот кој го носиме за она во што веруваме, не смее да го претвориме во пожар. Една искра на насилство е една искра премногу! Насилството раѓа насилство. Сопри го, не го разгорувај! 

Translate »