Антикорупциска отвори 18 предмети за вработувања на роднини на функционери и пратеници од власта
Антикорупциска отвори 18 предмети за вработувања на роднини на функционери и пратеници од власта. Секој од предметите е отворен по допрен глас.
Ќе се истражуваат вработувањата и унапредувањата на роднините на пратеничката Мира Стојчевски, кој стана позната како Мира Дизел откако јавнсота дозна за високите суми кои ги зема како надомест за патни трошоци. Антикорупционерите ќе го разгледуваат и вработувањето на ќерката на спикерот Талат Џафери, Бесија Џафери во ЕЛЕМ. Потоа Надица Делкова, сопруга на градоначалникот на Неготино, за сестрата на министерот за култура Асаф Адеми вработена во ЕЛЕМ, за синот на пратеникот Горан Мисовски, за мајката на Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ, сестрата на министерот за економија, Крешник Бектеши вработен во МЕПСО, за вработувањето на сопругата на градоначалникот на општина Берово, за сестрата на пратеникот Александар Кирацовски, синот на пратеничката Милева Ѓорѓиева, за работното место на сопругата пратеникот Зекир Рамчиловиќ, ќерката на пратеничката Емилија Александрова, внуката на градоначалникот на општина Прилеп, за сопругот на државниот секретар во МВР, Магдалена Несторовска.
Претседателката на Антикорупциска вели имаат рок од 60 дена да донесат одлука по предметите, потоа ќе дадат препорака како да се постапи.
Ивановска вели ваквите случаи може да се превенираат со засилена контрола од надлежните институции.
По жестоките реакции од јавноста дојде најава дека премиерот Зоран Заев ќе ги повика сите кои беа посочени да се повлечат од работните места во државната администрација. Но, досега нема информација дека повикот на премиерот допрел до некој од прозваните и си дал отказ.
Министерот за информатичко општество и јавна администрација, Дамјан Манчевски вчера најави и ново законското решение како една од мерките за превенција на случаи на непотизам и партиски вработувања.

