Стојанче Ангелов избркан од кафуле во Тетово
Стојанче Ангелов, лидерот на „Достоинство“ си заминал од кафуле во Тетово откако братучед на вицепремиерот задолжен за Рамковниот договор, Хазби Лика, му рекол дека не е пожелен таму.
Ова го објавуваат албанските медиуми, кои информираат дека роднината на Лика ја потврдил веста, но не е познато кој бил мотивот.
Засега нема реакција од Ангелов.