Војна во Азија! Брутална одмазда на Индија: Соборен пакистански воен авион! Ситуацијата врие
Индија соборила пакистански воен авион и изгубила еден свој MiG-21, соопштено било во Њу Делхи. Пилотот на индискиот авион исчезнал во акција, стои во соопштението.
Портпаролот
на индиското министерство за надворешни работи, Равеш Кумар, изјавил
дека воздухопловните сили на таа земја изгубиле борбен авион и спречиле
напад со воени авиони на Пакистан на спорниот регион Кашмир.
“Пилотот исчезна во акција. Пакистан тврди дека е во нивен притвор. Ние ги утврдуваме фактите”, рекол Кумар.
“Пакистанското воздухопловство беше откриено и индиското веднаш реагираше. Во тој воздушен ангажман, еден борбен авион на пакистанското воздухопловство беше соборен од страна на MiG-21 Бизон од индиското воено воздухопловство. Во оваа акција, за жал, изгубивме еден MiG-21”.
Пакистанската војска тврди дека во средата наутро соборила два индиски воени авиони кои го нарушиле воздушниот простор на земјата во спорниот регион Кашмир. Од Исламабад било потврдено дека се заробени индиски пилоти.
Претходно авиони на индиското воздухопловство пресретнале најмалку три пакистански воени авиони кои минале во индискиот воздушен простор преку спорната област на Кашмир, јавиле индиски службеници.
Индија ден претходно го бомбардирала кампот за обука на исламски екстремисти кои се наоѓаат во пакистанскиот дел на Кашмир.
До вриење на односите меѓу двете нуклеарни сили дошло откако исламските фанатици на 14-ти февруари убиле 40, а раниле 20 индиски војници.