Двајца вработени во Град Скопје утринава се уапсени за даночна измама

Двајца вработени во Град Скопје утринава се уапсени за даночна измама, потврдија од МВР за СAKАМДАКАЖАМ.МК.

Лицата Е.С. и Ј.С., вработени во даночното одделение, се осомничени дека правеле измама на тој начин што на странките им наплаќале помала сума на данок отколку што им е стигнато во решенијата, а во системот внесувале дека ја наплатиле целосната сума од решенијата и со тоа го оштетиле буџетот на Град Скопје.

Утринава во барака 16 во Град Скопје имаше полиција, која ја одзеде компјутерската опрема на која се работело и ги приведе двете лица. Станува збор за најмалку десет случаи во кои е направена измама со данокот.

Translate »