Една „Македонија“ за алвата, друга за ајварот

Македонските и грчките бизнисмени ќе треба да разговараат за користењето на брендот „Македонија“ на своите производи, јавува агенцијата АФП. Компромисот треба да се постигне до 2022 година,пренесува DW.

Neue Schilder an Grenze zwischen Mazedonien und Griechenland (Government Republic of North Macedonia)

Грчката влада ги повика трговците да учествуваат во разговорите со своите колеги од Северна Македонија со цел да се испеглаат потенцијалните недоразбирања во врска со користењето на името Македонија.

„Оптимист сум дека со ладни глави и дијалог меѓу професионалци може да се најде решение“, изјави грчкиот генерален секретар за трговија и заштита на потрошувачи, Димитрис Авлонитис.

Околу 4.000 производи во Грција го користат името „Македонија“ на своите етикети, особено оние од грчкиот регион Македонија.
Согласно Преспанскиот договор, Грција се согласи да не го спречува користењето на името

„Македонија“ од страна на соседната земја, но тоа предизвика несигурност кај грчките трговци кои сакаат да го заштитат името под кое тргуваат.

„Имаме адекватни инструменти. Меѓународното право и Европските договори можат да им помогнат на бизнисмените да ги заштитат своите производи“, вели Авлонитис.

„Постоеше ризик од забуни дури и пред договорот“, додава тој.

Deutschland Supermarkt Wein aus Mazedonien (DW/B. Georgievski)

Македонско вино во германски супермаркет

Веќе постојат 19 регистрирани грчки брендови и имиња на компании кои го носат името Македонија, вклучително и македонско вино и македонска алва. Во Северна Македонија, најпроминентно место на извозната листа зазема македонскиот ајвар.

Согласно договорот меѓу двете земји, треба да се одржат „искрени“ разговори на кои ќе се бара компромис за трговските марки и комерцијалните имиња. Во нив ќе учествуваат и меѓународни експерти. Комисија на експерти ќе биде основана годинава и таа мора да ја заврши својата работа до 2022 година, вели Авлонитис.

DW.COM

Translate »