Орифлеим ги претстави новите Colour Stylist Ultimate Кармини!
Одличен кармин може да направи да се чувствуваш неверојатно, тогаш зошто да не го користиш најдобриот?
The ONE е најголемиот бренд за шминка на Орифлеим, кој има производи што овозможуваат прекрасни резултати. Неговите производи се во чекор со последните трендови во индустријата за декоративна козметика и убавина. Сега, подготви се за The ONE Colour Stylist Ultimate Кармините, најновата, модернизирана и збогатена линија кармини. Без разлика на твоето расположение и изглед, со овој кармин, секогаш ќе изгледаш прекрасно, стилски и подготвено.
НОВИОТ состав на The ONE Colour Stylist Ultimate Кармините ти овозможува пигментирана и неверојатно кремаста покривност што ги одржува усните хидрирани и трае цел ден. 24 модерни нијанси, кои одговараат на твојот стил и ја нагласуваат природната боја на твоите усни, се дел од новата опширна палета на бои. Палетата ја содржи совршената боја за секоја жена.
За да ти помогне да ја најдеш совршената нијанса за тебе, Орифлеим го создаде целосниот водич на бои. Со овој водич, можеш да ја најдеш нијансата што природно и беспрекорно одговара на твојот поттон, без разлика дали е топол, ладен или неутрален. Големиот број нијанси, ти овозможува да експериментираш и да пробаш нови изгледи или да избереш нијанса што ќе ја нагласи твојата природна убавина. Никогаш не било полесно да избереш совршена нијанса за тебе!
Се што треба да направите е да ни пишете во инбокс на фејсбук и нашиот виртуелен асистент ќе ви помогне во одбирање на иделната нијанса.
Или едноставно кликнете на линкот m.me/oriflamemacedonia.
Новиот Sculpt & Sign облик на The ONE е ексклузивно создаден за The ONE Colour Stylist Ultimate Карминот, по опширно истражување на различни облици кармин и резултатите што ги овозможуваат. Благодарение на иновативниот облик, можеш да ги создадеш сите посакувани изгледи. Суперостриот врв совршено ги дефинира усните, а заоблениот дел ја покрива целата површина на усните со густа боја. Новиот облик овозможува сосем нов и подобар начин на нанесување кармин на усните!
Моменталниот ефект на Colour Stylist Ultimate Карминот е очигледен. Потребен е само еден потег за да создадеш впечатливи усни што ќе му дадат нов белег на твојот стил. Совршен последен додаток на секој изглед и дневен поттик на твојата самодоверба. The ONE Colour Stylist Ultimate Карминот ти ги овозможува сите овие работи. Карминот доаѓа во модерно пакување и со неодолив нов мирис, за потполно уживање при нанесување шминка.
Потпиши го твојот стил сега со The ONE Colour Stylist Ultimate Карминот на Орифлеим во Каталог 3.
Производите ќе бидат достапни за купување од Орифлеим Консултанти или на www.oriflame.mk, почнувајќи од 1 Март.
ЗА ОРИФЛЕИМ
Основана во 1967 година, Орифлеим е компанија за убавина, за директна продажба, во повеќе од 60 земји. Нејзиното опширно портфолио од шведски иновативни производи за убавина, инспирирани од природата, се промовира преку околу 3 милиони независни Консултанти на Орифлеим и остварува годишна продажба од околу 1,3 милијарди евра. Почитта кон луѓето и природата лежат зад начинот на работа на Орифлеим и се одликуваат во нејзините социјални начела и начела за природнaта средина. Орифлеим поддржува повеќе добротворни цели ширум светот и е коосновач на Светската детска организација. Орифлеим е претпријатие од Луксембург и Швајцарија. Орифлеим е на листата на Шведската стокхолмска берзa.