АНАЛИЗА: Историски пик – штедењето надмина 6 милијарди евра а задолженоста 5 милијарди евра !

 Побарувачката на кредити од страна на фирмите, според банкарите,  ќе се зголеми со почетокот на оваа економска година. Наспроти ваквите прогнози за поизразен кредитен раст, Народната банка во најновото монетарно скенирање регистрирала забавено кредитирање – пониски стапки во однос на проектираните, пишува неделната економска анализа на Portalb.mk.  На крајот од 2018 година, вкупната кредитна изложеност на банките изнесувала 5,2 милијарди евра а само кредитната задолженост на граѓаните надмина 2,5 милијарди евра. Компаниите аплицираат за инвестициски кредити но и доминараат и барањата за репрограмирање на веќе постоечки кредити.

 2019 та година со забавено темпо на кредитирање …

 Според мерењата на Народната банка, почетокот на оваа 2019 година бил во знакот на умерено намалување и на штедењето и на кредитирањето. Од НБМ објаснуваат дека се работи за вообичен тренд, но на годишно ниво депозитната база и кредитната активност растат.

 “Првичните монетарни податоци за јануари 2019 година покажуваат месечно намалување и на депозитите и на кредитите, што претставува вообичаено поместување за овој месец од кварталот и засега не упатува на позначително отстапување на движењата на овие агрегати од проекциите. На годишна основа, растот на депозитите во јануари го надминува проектираниот годишен раст за крајот на првиот квартал од годината, додека годишниот раст на кредитирањето засега е малку понизок во однос на проектираниот” – соопштуваат од Народната банка.

 “Порталб” преку објавените официјални податоци ја сумира банкарската 2018 година. На крајот од декември, лани,  вкупната кредитна изложеност била на ниво од 5,2 милијарди евра што е за 355 милиони евра повеќе во однос на декември, 2017 година.

 Кредитна изложеност :

 2017 година      4,82 милијарди евра

2018 година      5,24 милијарди евра

 Од вкупната кредитна изложеност, 3,12 милијарди евра се денарски кредити додека 2,11 милијарда евра се кредити во странска валута. Зголемување од 7,3 отсто лани има и кај кредитирањето на домаќинствата и на корпоративниот сектор.

 “За наредните три месеци, банките и натаму очекуваат поизразен раст на вкупната побарувачка” – изјавиле банкарите за најновата Анкета за кредитна активност на НБМ.

 Кај компанитте доминаираат кредитите за инвестициите во основни средства, инвестиции во залихи и обртен капитал но и за преструктурирање на долговите и овие видови на кредитни задолжувања најмногу придонесуваат за зголемување на побарувачката на кредити. Според податоците, кредитната задолженост на корпоративниот сектор изнесува 2,5 милијарди евра и во споредба со декември 2017 та е зголемена за 235 милиони евра.

 Кредитна задолженост на корпоративен сектор:

 2017 година    2,53 милијарди евра

2018 година    2,30 милијарди евра

 Кај населението, најголем дел од кредитната задолженост отпаѓа на потрошувачки и на  станбени кредити како  и на  кредитни картички. Каматите за станбените и за потрошувачките кредити  делуваат во насока на олеснување, но со послабо темпо во споредба со очекувањата што ги изразиле банкарите на истекот од 2018 година.

 “Најголем дел од банките и понатаму укажуваат на непроменета каматна стапка кај станбените и кај потрошувачките кредити. Нето-олеснување се забележува кај провизиите на станбените кредити, за разлика од мало нето-заострување во претходната анкета. Во однос на потрошувачките кредити, кај некаматните приходи повторно се забележува нетто-олеснување кај овие услови за одобрување кредити. Кај останатите кредитни услови не се забележуваат позначителни промени во однос на претходната анкета” – соопштува Народната банка. 

На крајот од декември, кредитите за домаќаинства на месечна основа се зголемени за 0,3% а на годишна за 10,3%. 

Кредитна задолженост на домаќинства: 

2017 година     2,43 милијарди евра

2018 година     2,29 милијарди евра 

“Очекувања за првиот квартал на 2019 година во делот на кредити за населението се во насока на   натамошно олеснување на кредитните услови и зголемување на побарувачката на кредити” – оценуваат банкарите. 

Штедните влогови на граѓаните “тежат” 4,1 милијарда евра … 

На месечно и на годишно ниво, податоците покажуваат раст и на штедењето, пред се како резултат на растот на депозитите на населението, кој учествува со 88,5% во вкупниот остварен пораст на депозитината база. 

На крајот од 2018 година вредноста на вкупните депозити во банките надмина 6 милијарди евра Од нив 3,6 милијарди евра се депозити во денари а останатите 2,4 милијарди евра се штедни влогови во странска валута, пришто во пораст е и денарското и девизносто штедење.  Од вкупните депозити, дури 4,1 милијарда евра се шедни влогови на граѓаните. Лани, вкупната депозитна база оствари пораст од 10,5%.

Translate »