Без големо вложување и за кратко време, дворот или терасата може да ги претворите во “рај на земјата”

Дворот и терасата за време на пролетниот и летниот период како дополнителни простории, а без големо вложување и луксуз, но со малку напор, може да се претворат во “рај на земјата” во кој ќе го поминувате поголемиот дел од времето. Во прилог се примери од Англија, но и кај нaс благодарение на градинарскиот центар ФОЈА овие идеи се остварливи.

Без разлика дали имате мал или голем двор, препорачуваме да им кажете “не” на досадните бетонски плочи, односно да се обидете со традиционално поплочување или мозаик калдрма. Во продолжение ви покажуваме неколку фасцинантни идеи за дворот.

Уметност на поплочување

Поплочување на двор во една градска куќа во Брај, на истокот на Ирска, беше одличен пофат кој резултираше со фасцинантен и значаен двор.

Чакал и шармантна клупа

Дворот на куќата во Нов Јужен Велс, кој му припаѓа на Камерон Кимбер е прекриен со чакал како подлога. Шармантната клупа и саксии со цвеќиња претставуваат добредојде за влез во куќата. 

Поплочување со црвени тули

Традиционално поплочување со црвена тула донесе топлина во дворот во Нотинг Хил, кој е во сопственост на ресторанот Балтазар.

Тераса на кров во Лондон

Архитектот Алан Хигс, зградата на пивница во Лондон ја претвори во елегантна тераса на кров. Избрал едноставен дрвен под, а посадените стабла во саксии ја разубавуваат целата тераса.

Translate »