Со пливање и посета на сауна до спречување на кардиоваскуларни болeсти, и намалување на тежината!

Многу истражувања покажуваат дека прекумерната тежина е многу често фактор кој предизвикува проблеми со здравјето на срцето и кардиоваскуларниот систем воопшто. Едно од последните истражувања поврзани со оваа проблематика укажува дека кај луѓето кои се на возраст од 40 до 59 години и се со прекумерна тежина, процентот за развивање на кардиоваскуларна болест се зголемува од 21%-85%, за разлика од оние кои се со нормална телесна тежина.

Прекумерната тежина покрај тоа што го зголемува ризикот за појава на кардиоваскуларни заболувања, таа е причинител и на други заболувања меѓу кои хипертензија, покачен холестерол, триглицериди, диабетес тип 2, зголемен крвен притисок и можноста за појава на метаболички синдром.

Вестите и не се толку лоши бидејќи со намалување на прекумерната тежина вие го намалувате ризикот за појава на било кое од горенаведените заболувања. Со намалувањето на само 5 килограми, може да се забележи подобрување на крвниот притисок, шеќерот во крвта и нивото на холестеролот.  

Решение?

Одење на базен и посета на сауна! Идеална комбинација за здрава активност, со која се намалува тежината и креира нормален животен баланс.
Посетата на сауна има многу придобивки за нашиот организам. Освен што го чисти телото од токсини и нè ослободува од стресот, одењето во сауна го намалува високиот крвен притисок и ризикот од срцеви заболувања.

Кај мажите кои оделе во сауна 2-3- пати неделно, ризикот од срцеви заболувања се намалил за 24%, додека кај оние кои оделе 4 пати неделно, тој ризик се намалил за 46%.

Додека престојуваме во сауна, температурата се зголемува за 2 степени и доаѓа до ширење на крвните садови.

Престојот во сауна ја подобрува функцијата на крвните садови, што понатаму позитивно влијае на крвниот притисок.


Translate »