Здраво “гориво” за динамични денови!
Ако сте уште еден од милионите љубители на слатката храна, како што се чоколадото, вафлите и палачинките, тогаш знаете дека истите задоволства негативно делуваат на здравјето и можат да доведат до непосакувано зголемување на телесната тежина. Во свет кој честопати наликува на трка со времето, понекогаш сѐ што сакате е да посегнете по некој вкусен десерт што истовремено заситува, но и дава чувство на задоволство. Но, обврските на динамичниот животен стил не може да бидат изговор за консумирање нездрави и брзи оброци, и затоа, достапноста на здрави ужини постојано расте.
Со цел да се намали притисокот од стресот на динамичното живеење, нутритивната наука ја дефинира совршената здрава ужина како „богата со протеини, а со минимално ниво на шеќери и заситени масти“. Иако кога размислуваме на протеини, првата слика која ја формираме е од месо. Но, благодарение на развојот во прехранбената индустрија, денес, протеините можеме да ги внесеме преку разноразни форми и вкусови, кои не ја намалуваат ефикасноста при апсорпција на протеинот, а овозможуваат практичност и разновидност.
„Ги одбрав протеинските топчиња од Виталиа затоа што се вкусни, невообичаени и ме заситуваат. Претходно, навика ми беше да јадам чоколада измеѓу оброци, но одлучив да ја направам промената откако сфатив дека повеќе енергија добивам од топчињата. Од друга страна, откако ќе заврши со тренинг, мојот партнер ми бара протеинско топче бидејќи протеинскиот состав му помага при вежбањето.“вели Ивана (31) од Скопје.
Протеинските топчиња на Виталиа доаѓаат во три вкусови: темно чоколадо, кикиритки и суво грозје, како и црвено овошје. Сите три вида се засладени со целосно природни засладувачи како сируп од урма и јаворов сируп. Оттаму, консумацијата на производи со високо ниво на протеин овозможува чувство на енергичност, како и зајакнат имунолошки систем; клучни области кои го прават динамичниот животен стил возможен. Така на пример, темното чоколадо, кое е една од главните состојки на протеинските топчиња на Виталиа, има голема улога во подобрување на работата на срцето, а доколку денот ви е сив, ја зголемува количината на ендорфини; невротрансмитери чие ниво е директно одговорна за вашето расположение.
Заклучно, во име на здравјето, немојте да се скратувате со уживање во слатките ужини. Напротив, заменете ги со протеинските топчиња на Виталиа и дозволете си да се соочите со динамиката на денешницата со залак енергија.