За поздрава кожа со летен тон

Благодарение на сознанијата за штетните ефекти кои сонцето ги има на здравјето, но и на убавината на кожата, сѐ помалку сме подготвени да се изложиме на ризиците од сончевото зрачење со цел да добиеме потемен тен. Од друга страна, навистина е тешко туку-така да се откажеме од темниот тен.

Комбинацијата од пудра и крема со заштитен фактор може да обезбеди темен и заштитен тен, но ретко кому му одговара тоа, посебно во лето, а и многу често резултира во неприроден изглед.

Решението за овој проблем се тонираните креми Eucerin Anti-age за заштита на лицето од сонце со SPF 50+, кои ја комбинираат многу високата заштита од сонце со својствата на таканаречената color correct крема. Тие доаѓаат во две нијанси – посветла и потемна, а покрај сигурната UV и биолошка заштита на кожните клетки, моментално го коригираат тенот, така што тој делува изедначен и природно тониран.

Ефикасната заштита од сонце и изедначениот тен постигнати со помош на оваа крема ќе направи вашата кожа да изгледа блескаво и заводливо во текот на летото, а притоа и да остане здрава!

Translate »