Мирослав Симјаноски- Бакал е локална приказна со светски шмек!

Ова е приказната за Мирослав Симјаноски. Македонец, родум од с. Брвеница тетовско, вреден млад човек кој гради успешна кариера во Македонија! Симјановски  има  успешна  интернационална кариера, како дел од луксузните туристички патувања на карибските острови. Таму бил и менаџер на еден од најлуксузните бродови, кои пловат низ светот.Но тој сепак реши кариерата да ја продолжи во нашата земја. Успешно менаџира семеен бизнис, на пекара која прави превкусен леб и пецива , а раководи и со познатиот ресторан  Бакал, во с. Брвеница.

И, така секој ден на релација Скопје, Тетово, Брвеница, неуморно работи Мики, како што знаат да го викаат блиските.

Се грижи целокупниот систем да функционира беспрекорно, односно во пекарата Бакал да се произведуваат најубавите и највкусните бели пецива, кои ги разгалуваат сите сетила.

Пецивата што се продаваат во „Бакал“не само што се вкусни, туку изобилуваат и со високо нутритивни состојки, благодарение на природните состојки создадени со патентирана технологија на производство. Врвни пекарски специјалитети подготвени по софистицирани француски и германски рецептури. А Мики, сето тоа го контролира, координира…и се грижи што повеќе луѓе да излезат од пекарата насмеани, и повторнo да се вратат.

А ресторанот Бакал, пак е нешто друго. За него она што како храна се подготвува таму, односот со луѓето кои го посетуваат се како исполнување на сонот. Ресторанот Бакал е место со редовни гости, омилено сврталиште на познати лица од нашето опкружување и од регионот, гости кои знаат да препознат добра храна, и кои ако треба ќе поминат и стотици километри за да уживаат со сите свои сетила во ова место.

А само тие што пробале прекрасно подготвена храна знаат да направат разлика. Тука се произведува леб кој е без адитиви, а месото е свежо печено, подготвено на специфичен начин. Секој ден на мени има свежо печено јагне, јаре, прасе, свежа риба како дел од традиционалните македонски јадења, како и интернационална храна, како подгорче, капама, ѓомлек, но и foie gras,magre, t bone steak, tatar beef и многу повеќе, за секого по нешто. Ресторанот работи секој ден, цените се навистина пристапни, а добрите домаќини можат да подготват јадење и по желба.

Во “Бакал” се чувствува духот на македонската традиција преку ентериерот, гурманските специјалитети и љубезноста на персоналот што го прават вистински амбасадор на македонската култура и традиција. Нуди топла, домаќинска атмосфера и извонредна храна што ќе го зачини вашето доживување, без разлика дали се работи за бизнис ручек, дружење со пријателите или романтична вечера со партнерот. 

Бакал е место за сите,овде сите се добродојдени! Независно од пол, возраст, националност. Овде е место за гурмани, за добри луѓе!

Translate »