Фрчковски: Спорот со Бугарија е поопасен отколку проблемот со Грција
„Судирот со Бугарија по тие точки е сериозен, ова не е шега“, изјави универзитетскиот професор, Љубомир Фрчковски во гостувањето на емисијата „Топ тема“.
Тој смета дека нивното негирање е обид да ги притиснат двете точки за одредување на јазикот и историјата.
„Ова е поопасно од спорот со Грција, независно дали Бугарија е во позиција да го направи трауматично за нас. Во основа ова е поголем проблем, отколку проблемот што го имавме со нашиот јужен сосед“, вели Фрчковски.