Таа е мајка на 16 деца, а со добра организација успева да ги заврши сите домашни обврски

Децата на Џени Бонел од Австралија знаат дека доколку живеат во нејзината куќа мора и да работат, а доколку случајно заборават на своите обврски, можат да ги најдат на големиот планер на кујнскиот ѕид.

Нивните обврски Бонел започнала да ги пишува на лист хартија, но сега постои формален распоред кој ѝ помага совршено да управува со домаќинските работи. 

Со оглед на тоа дека нејзиниот сопруг работи полно работно време, Бонел не може сама да се грижи за сите домашни обврски па ѝ помагаат нејзините деца кои се на возраст од 5 до 29 години.

Џеси, Брук, Клер, Натали, Карл, Семјуел, Камерон, Сабрина, Тима, Брендон, Ив, Нејт, Рејчел, Ерик, Дамјан и Кејтлин се нејзините 16 деца кои морале да “скокнат на помош”. Иако сега само 13 од нив живеат со Џени, тие сите и понатаму ѝ помагаат.

“Сè уште имаме многу луѓе во куќата, така што мислам дека е многу важно да се задржи редот во хаосот”, рекла Џени.

Секое нејзино дете вклучено е во извршување на домашните обврски после осмата година од животот. На пример, 12 годишната ќерка знае да зготви едноставна вечера за сите од нив.

“Започнавме да составуваме листа со обврски кога имавме 6 и 7 деца. Таткото работи напорно за да нè издржува, а јас останав дома за да ги извршувам сите обврски во куќата. Иако децата беа мали, помислив дека не ги изучувам како да ги извршуваат тие работи и не создавам чувство во нив за да мора да се вклучат и да помагаат во семејството. Ако мајката постојано ги извршува домашните обврски, тогаш никој нема да се забавува бидејќи мајката ќе биде исцрпена работејќи постојано за нив”, рекла Бонел за распоредот кој го прави секоја седмица.

Распоредот е прилагоден за помладите и постарите деца. Иако понекогаш има приговори, децата добро се согласуваат и ги извршуваат задачите како што треба. 

prezemeno od Tocka.com.mk

Translate »