Највалкано е околу наплатните рампи, државата ги собира парите, ,,Не биди ѓубре“ им го чисти ѓубрето!
И покрај сите апели и критики за сметка на државните институции задолжени за одржување на јавната хигиена, подигање на сметот, чистење на ѓубрето, неказнување на несовесните граѓани и воспоставување на одржлив систем, ѓубрето од јавните површини си стои со години, а само волонтери и граѓански активисти го чистат.
Вчера активистите на ,,Не биди ѓубре“, заедно со Ирена Ристиќ, чистеа околу една наплатна рампа, кон Тетово.
Граѓанските активисти и волонтери собраа десетици црни вреќи ѓубре, кое таму стои со години. И покрај жестоките апели и молбите на освестената граѓанска јавност, раководството на ,,Македонија пат“ да преземе нешто и да ги исчисти јавните површини околу автопатиштата и наплатните рампи, нема ништо од тоа.
Се случува еколошка катастрофа околу наплатните рампи, паркинг стојалиштата и покрај сообраќајниците, но сите апели и критики се залудни.
Несфатливо е како владејачаката гарнитура не успева да најде решение за оваа катастрофална состојба на планот на поведение на граѓаните и нехигиена на јавните површини. Ниту еден функционер, раководител или директор не е разрешен за својата неспосбност, неработење и неажурност.
Потребна е чистка од горе до долу во раководните структури кои не се кадарни да си ја завршат работата за која се поставени и платени.
Навистина е премногу. Доста веќе со толерирање на неспособните!
ако.мк