Виталиа општествено најодговорна компанија во рамките на проектот „Социјална инклузија и економско зајакнување на млади и на млади родители во социјален ризик преку мерки за генерирање приходи “

На вчерашниот завршен настан, во рамките на проектот „ Социјална инклузија и економско зајакнување на млади и на млади родители во социјален ризик преку мерки за генерирање приходи “ во организација на СОС Детско село Македонија, беа презентирани резултатите на проектот и се доделија плакети и признанија на клучните партнери и најуспешните корисници во проектот. Македонската компанија за производство на здрава храна „Виталиа“ се закити со плакетата за општествено најодговорна компанија и благодарност за успешната соработка и партнерството при реализација на проектот.  

Во рамките на проектот Виталиа овозможи  поддршка и вработување на млади вклучени во проектот и зема учество во реализација на практични обуки со цел стекнување вештини при вработување (симулација на работно интервју).

„ Нашата заложба да бидеме активни и корисни учесници во општеството е секогаш на прво место. Сметаме ека будноста и проактивноста е неопходна и од огромно значење за сите компании во нашата земја. Во време на општа социјална и економска криза, најголем придонес кон општеството се одразува со зголемување или барем задржување на сегашното ниво на вработување. Секоја платена заработувачка е извор на приход не само за вработениот и неговото семејство, туку и за другите припадници на локалната заедница кои работат и живеат од нивната потрошувачка. Драго ни е и среќни сме што нашите заложби имаат одек во средината во која работиме. Ова за нас претставува мотив да продолжиме да работиме во истата насока“-изјавија од Компанијата.

Проектот „Социјална инклузија и економско зајакнување на млади и на млади родители во социјален ризик преку мерки за генерирање приходи “ беше имплементиран со поддршка на Германското министерство за економска соработка и развој и Фондацијата Херман Гмајнер во рамки на Ресурсниот центар на СОС Детско село во општина Гази Баба. Со проектот се опфатени млади луѓе и млади родители од територијата на градот Скопје, со фокус на општина Гази Баба.

Translate »