Бугарија пратила обезбедување за Орце Камчев

Обезбедување на бугарското МНР го чува познатиот македонски бизнисмен Орце Камчев, дознава порталот „Лидер“.

Како што дознава порталот, веќе неколку дена, бугарските власти го чуваат Камчев, кој е обвинет во случајот „Империја“ на СЈО.

Во текот на месец април минатата година Владата на Република Бугарија достави предлог до Министерството за надворешени работи на Република Македонија, Јордан Камчев да биде назначен за почесен конзул на Бугарија во Македонија.

Македонското Министерство за надворешни работи и Владата сè уште се немаат произнесено по ова барање. Во меѓувреме, министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Захариева, два пати реагираше и го изрази своето негодување зошто сѐ уште не е позитивно одговорено на бугарскиот предлог.

Во еден од македонските медиуми се шпекулираше дека дошло до заладување на односите помеѓу премиерите на Бугарија и на Македонија, Бојко Борисов и Зоран Заев, а како една од причините бил притворот на Камчев.

Translate »