Две сценарија за Македонија: Или Албанците ќе им пресудат на изборите или …

Со слабата излезеност во првиот круг (помалку од 50 отсто) , како што и се очекуваше, Северна Македонија ја чека втор круг на избори за претседател, кои ќе се одржат на 5 мај. Се претпоставува дека во вториот круг ќе победи кандидатот на Зоран Заев, бидејќи глас би можеле да му дадат албанските гласачи. Ова го пишува српски „Блиц“ повикувајќи се на хрватскиот „Утрински весник“.

Иако Стево Пендаровски, кандидатот на владеачките Социјалдемократи на Зоран Заев и уште десетина помали коалициони партнери, и претставничката на опозицијата Силјановска Давкова, практично се израмнети со нешто повеќе од 42 отсто гласови, изгледа дека во вториот круг, и покрај тоа, би требало да победи кандидатот на владеачките, стои понатаму во анализата на погореспоменатиот медиум.

Имено, трет со 11 отсто од гласовите бил Блерим Река, кандидат на неколку помали албански партии. Но претпоставка е дека тоа било максимум за Силјановска, и дека за Пендаровски глас ќе дадат и Албанците, сегашните гласачи на Река, па тој ќе има таман толку за да победи на избори, пишува  хрватски „Утрински весник“.

Во двете сценарија кои ги потенцираат медиумите од регионот, се пишува дека за да бидат правосилни изборите, потребно е да излезат барем 40 отсто од избирачите, па можеби ВМРО ДПМНЕ би можеле да посегнат кон тактика за бојкот на изборите, за да со тоа би можеле да отворат нова институционална и политичка криза. Овие избори освен гласање за нов шеф на државата се и одреден референдум за Заев и неговата политика и сојузништво со Албанците, се наведува понатаму во текстот.

Имено, токму Заев е заслужен за Преспанскиот договор со Грција, со кој земјата го смени името во Северна Македонија, а со тоа излезе и од повеќегодишната изолација и во јуни би требало да добие датум за пристапни преговори за ЕУ, а во декември да стане полноправна членка на НАТО, што требало да се случи уште во 2009 година со Хрватска и Албанија.

ВМРО ДПМНЕ се противеше на Договорот и сега настојуваат, или на Заев на врат да му стават претседателка која ќе му прави проблеми или пак ќе предизвикаат нова криза ако пропаднат изборите, која би можела да изроди нови парламентарни избори и со тоа да го одложи датумот на бриселските преговори, со што Северна Македонија би била вратена чекор назад.

faktor.mk

Translate »