(ВИДЕО) Мицкоски: Постев 40 дена во кампања, но успеав
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, радосната вест за Исусовото воскресение ја слушна во црквата „Св.Петар и Павле“ во скопската населба Ѓорче Петров. На полноќната литургија беше заедно со сопругата Рози Мицкоска.
Мицкоски рече дека кога е Велигден не зборува за политика ии низ Македонија. дека обично празникот го дочекува во Соборниот храм во Скопје или во другите градов
-Го испочитував големиот 40-дневен пост, тешко беше со кампања, но кога се сака, ништо не е тешко. Секоја година го постам велигденскиот пост, исто и годинава, издржавме, можеби е прегрубо да кажам издржавме, затоа што ова го правиме затоа што сакаме и така сме решиле. Годините наназад кај мене тоа е пракса, а традиција е и во семејството. Кога се сака, ништо не е тешко, иако годинава беше малку понапорно поради кампањата за претседателските избори, но веќе сме при крај. Им го честитам овој голем празник на граѓаните, многу здравје, среќа и успеси за нив и за нивните семејства, да ни биде среќна годината што ни доаѓа, да бидат пред се задоволни од тоа што го прават и да си ја сакаме татковината Р. Македонија, изјави Мицкоски.за екипата на 1ТВ.
Тој рече дека на денот на Велигден е со своето семејство, односно заедно на ручек со сопругата, двајцата синови и родителите.