ОТКРИЕНО! КАДЕ ОДАТ СТАРИТЕ ДИЗЕЛ АВТОМОБИЛИ ОД ГЕРМАНИЈА
Извозот на стари дизел возила во изминатиот 2018 година порасна за 20,5% во споредба со 2017 година.
Во Германија ограничувањето на движењето на старите дизел автомобили продолжува да се шири и Германците масовно се стремат да се ослободат од овие автомобили.
Но, дали знаете каде одат?
Одговорот го даде Autozeitung. и соред него, извозот на стари дизел возила од Германија во минатото 2018 година е зголемен за 20,5% во споредба со претходната година. Извозот на стариот дизел возила од Германија завршува на стовариштата и на Балканот.
Сите овие машини се околу 10 години, некои од нив се околу 100.000 км. Според законите на Германија, тие мора да бидат укинати бидејќи немаат право да се движат во големите градови. Причината е што тие не ги задоволуваат новите еколошки стандарди воведени минатата година.
“Повеќето се фрлени возила, иако некои од нив дури и немаат и 10 години. Меѓу нив се автомобили на Audi, BMW, Volkswagen,а проблемот е дека нивните сопственици треба да ги тргнат. Побарување на секундарниот пазар за нив нема, а нивната употреба во големите градови е забранета. Затоа и нивно предавање во отпад е најбрзиот начин за добивање на било какви пари за нив “, се вели во извештајот.
Проблемот е дека компаниите кои ја вршат оваа дејност,веќе се претрупани со автомобили. Затоа и многу Германци директно ги исфрлаат автомобилите на ѓубришта, само да се отарасат од нив. Тоа за балканските прекупци е одлична шанса, нивното ѓубриште да ни го донесат тука во нашиот двор.