Владата одлучи: Учебната година ќе почне на 1 октомври

Мандатарот Зоран Заев денеска најави, а владата на седница попладнево ја усвои одлуката за почеток на учебната година на 1 октомври. Начинот на изведување на наставата ќе биде дефиниран на првата седница на новата влада.

Новата учебна година дефинитивно ќе започне еден месец подоцна, на 1 октомври, поради пандемијата на коронавирусот. Мандатарот Зоран Заев на денешната прес-конференција, по доставувањето на предлогот за новата влада во Собранието, најави такво решение, кое техничката влада предводена од Оливер Спасовски во меѓувреме го усвоила.
„Тенденцијата на подготовките поради здравствените протоколи ја носат работата тоа да биде на 1 октомври. На првата владина седница ќе биде донесена одлука, а ќе следуваат и законски измени“, изјави Заев.
Законските измени се потребни за да се смени датумот на почетокот на новата школска година, но ќе следуваат и серија мерки кои ќе треба да им ја олеснат наставата на учениците, без оглед дали таа ќе се изведува со физичко присуство или онлајн.

  • Thailand | Coronavirus | Schulstart (Getty Images/L. DeCicca)
Translate »