Се појави уште еден опасен вирус: Сличен е на ебола, се пренесува од човек на човек
Научниците предупредуваат на појавата на вирусот чапаре, сличен на ебола, кој се појави во Боливија и кој се пренесува од човек на човек и убива тројца од пет заразени.
Вирусот чапаре првобитно се појави во 2004-та година во боливиската провинција по која го доби името. Новото истражување покажува како вирусот се шири од нултиот пациент и колку всушност е смртоносен.
После епидемијата во 2019-та година во Боливија, научниците утврдија дека потекнува од поинакво „семејство“ во однос на ебола и дека предизвикува хеморагиска грозница која може да доведе до прекин на работата на органите и крварење.
Моментално нема третман против чапаре, освен интравенска хидратација и дополнителна нега. Вирусот предизвикува грозница, главоболка, болки во абдоменот и крварење, а човек може да се зарази со контакт на урина или измет на глувци.https://platform.twitter.com/embed/index.html?dnt=false&embedId=twitter-widget-0&frame=false&hideCard=false&hideThread=false&id=1328600265264680960&lang=en&origin=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk%2Fvesti%2F359971%2Fse-pojavi-uste-eden-opasen-virus-slicen-e-na-ebola-se-prenesuva-od-covek-na-covek&theme=light&widgetsVersion=ed20a2b%3A1601588405575&width=550px
Нултиот пациент бил 65-годишен фармер кој потоа заразил 25-годишна докторка.
Ноќта пред да почине, докторката зела брис од нултиот пациент. Докторката потоа се разболела и починала девет дена подоцна. 48-годишниот здравствен работник кој се обидел да ја реанимира исто така се заразил, а првите симптоми ги добил 14 дена подоцна.
Нултиот пациент, докторката и гастроентерологот починале од вирусот, додека пак здравствениот работник и уште едно заразено лице преживеале.
Видот на глувци кои го пренесуваат овој вирус живеат во Боливија и неколку околни земји.