ДИК:СПОРЕДБЕНО СО ПРВИОТ КРУГ ИЗЛЕЗНОСТА РАСТЕ- ДО 15 ЧАСОТ ИЗЛЕЗЕНОСТА 30,34 ПРОЦЕНТИ

До 15:00 часот излезеноста на вториот круг од претседателските избори изнесува 30,34 проценти. Гласањето се одвива мирно, непрекинато и без неправилности, информира на денешната прес-конференција портпаролката на Државната изборна комисија Љупка Гугучевска.

До 15 часот гласале 527.068 според 95,67 проценти обработените податоци од избирачките места од кои пристигнале податоци до ДИК.

– Најголема излезеност до 15:00 часот има во општините Македонски Брод – 49,45 отсто, Крива Паланка – 42,61, Демир Капија – 49,17, Демир Хисар – 48.09 и Крушево 47,68 отсто. Најмала излезеност има во општините Желино – 9,03, Боговиње – 10.49 и Центар Жупа – 11.96 отсто, информира Гугчевска.

Излезеноста во општините Ново Село и Охрид, каде се гласа за градоначалник до 15 часот изнесува 33,87 и 35,1 отсто.

-Во оппштина Ново Село до 15 часот гласале вкупно 3.859 гласачи или 33,87 отсто. Во Охрид вкупно 18.347 или 35,1 отсто, изјави Гугучевска.

На новинарско прашање Гугучевска, повтори дека до овој момент до ДИК е пристигнат само еден приговор, кој се однесува на заштита на личното избирачко право.

– Избирач од Неготино не бил запишан во единствениот избирачки список и за тој приговор ДИК ќе одлучува на седница, изјави Гугучевска.

Во првиот круг од претседателските избори излезеноста до 15 часот изнесуваше 28,89 проценти.

Следната прес-конференција на ДИК е закажана во 17:30 часот.

Translate »