СПОРЕД МОСТ, ПОБЕДНИК Е СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ
Граѓанската асоцијација МОСТ го следеше денешното гласање со повеќе од 1.500 набљудувачи. На 1.160 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок, беа распоредени исто толку набљудувачи, со што беа покриени 33% од вкупниот број на гласачки места во Република Северна Македонија.
Според податоците добиени од ПВТ програмата, одѕивот на гласачите е 46,55% со маргина на грешка од +/- 0,5%. Процентот на неважечки ливчиња е 3,56%.
Од вкупниот број на гласови, добиени се следните резултати со максимална маргина на грешка од +/- 0,5%:
- Гордана Сиљановска-Давкова – 44,93%
- Стево Пендаровски – 51,51%
Прелиминарната оценка за спроведените избори Граѓанската асоцијација МОСТ ќе ја соопшти на прес-конференција која ќе се одржи во текот на утрешниот ден, а терминот ќе биде дополнително соопштен.