Раководството на МРТ, делумно и државата, придонеле да се одлеат милиони евра јавни пари

Шокантни се сознанијата од информациите што ги дава Конечниот извештај за извршена ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеноста за 2017 г. на ЈРП „Македонска радиотелевизија“ – Скопје во смисла на индиции за сериозна неодговорност на раководниот тим на јавниот сервис во поглед на трошењето на парите на граѓаните и негрижата за имотот на јавното претпријатие, пишува „Вистиномер.мк“.

Невпишување на основната главница на МРТ, невпишување или нејасна сопственост врз дел од недвижниот имот, неплаќање навреме рати од преземени обврски од договори со Европската радиодифузија или, пак, комерцијални договори со добавувачи, непостоење евиденција дека одредена студиска опрема воопшто постои, а за која треба да се исплатат двојно повеќе пари од нејзината цена во договорот поради камати и ненавремено плаќање, отстапување на кулата на МРТ (22 спрата) без надомест на Владата, земање комерцијален кредит од банки со хипотека врз зградите на „Македонското радио“(!?) и друг недвижен имот…

Покрај ова, набавката на програма за потребите на МРТ во странство било оставено без правила на само неколку луѓе (одговорен уредник, уредник на спортска или уредник на некоја друга редакција), кои сами преговарале за сумите. При склучување договори со продуцентска куќа за учество на „Евросонг“, изборот на македонскиот претставник не бил спроведен со отворање тендер, туку со директно преговарање, огромни суми за повеќегодишни договори за копродукциски проекти дали од забавно-рекреативна или документарна содржина, како и, исто така, шокантно отстапување без надомест на голем дел од документарната програма, сопствена или копродукциска, на други радиодифузери во земјата.

Една од првите работи, кои се поинтригантни како информација од Извештајот, се обврските на МРТ кон странство настанати врз основа на од порано земени кредити од меѓународни извори (Парискиот и Лондонскиот клуб на доверители) за изградба на РТВ домот, односно на денешната 22. катна зграда.

Станува збор за милионски суми. Во 2006 и 2007 година Владата на Никола Груевски ги отплаќа сите обврски кон Парискиот и Лондонскиот клуб доверители, вклучувајќи ги и долговите што ги имала МРТ.

Дури во декември 2011 година, Владата на Груевски носи одлука, објавена во „Службен весник“, со која се врши отпис на побарувањата што ги има Министерството за финансии (МФ) кон МРТ за користени кредити и тоа во висина од 154, 4 милиони денари или околу 2,5 милиони евра. Само нецели 7 месеци подоцна, Владата носи нова Одлука со која ја поништува старата, а МФ ја информира МРТ дека повторно ја задолжува по основ на користење странски кредити и тоа заклучно со крајот на јули 2012 година со вкупен износ од над 163 милиони денари или над 2,65 милиони евра!

Во 2013 година бил склучен договор меѓу МФ и МРТ за репорграмирање на овие обврски и исплата на рати, почнувајќи од 01.08 2013 годиина до 2024 година, но, сега со камати, обврските се пресметани на износ од 3,31 милиони евра. И покрај тоа, почнувајќи од 2014 година МРТ не исплаќало ништо по основ на овој договор, по што МФ повеќепати се заканува со опомени и тужби, а по поведен судски спор, покрај договорените рати, се плаќаат и дополнителни камати, се создаваат непотребни трошоци, а има и закани до МРТ дури и за одземање имот – велат ревизорите.

Притоа, тие констатираат дека МРТ можела, а не презела постапка на поднесување тужба до Управниот суд да ја преиспита одлуката на Владата за повторно наметнување на обврска, иако таа еднаш била избришана, а не презела ниту други дејства за да ја намали штетноста врз приходите и имотот на МРТ.

Ваквите играрии на владата на Груевски и тогашниот министер за финансии, Зоран Ставрески, се навистина неразбирливи, а обврските на МРТ стојат и денес.

Во обемната анализа на Теофил Блажевски на „Вистиномер.мк“, која можете да ја прочитате на овој линк, се опфатени и деловите:

Translate »