(ВИДЕО) Eлементарна непогода во Бања Лука
Во Босна и
Херцеговина наврна голема количина на дожд, посебно на некои места од
земјата,
кадешто се поплавени голем број на куќи и полиња. Во Бања Лука е
прогласена и елементарна непогода. Во некои места од земјата е откажана и
наставата, а дел од патиштата се и одсечени, односно се под вода.
Селаните останале будни цела
ноќ и се бореле со огромната количина на вода, соопштуваат медиумите од
регионот.
Пред пет години на истото место Сански мост во Босна и Херцеговина гледката била речиси иста. Местото се наоѓа близу Бања Лука, таму сите куќи се поплавени, мештаните по пет години со истата мака.
Ферид Цериќ е
мештанин на оваа место и неговата куќа е поплавена. Сликата како што вели тој,
за него е тотално дежаву. Истото го снашло и пред пет години, раскажува низ
солзи жителот за репортер на српски медиум.
Во Сански Мост во вчера беше прогласена состојба на
природна катастрофа, а метеоролозите за денес најавуваат нови врнежи.
Видео Dnevni avaz
Фото Tanjug