Сите би сакале кај неа на обука! Израелската воена ветеранка го одзема здивот:

Орин Џули, ветеранка на израелската IDF, е позната на социјалните мрежи како самопрогласена “кралица на оружјето”, а вели дека е љубоморна на американските закони за огнено оружје бидејќи не се остри како израелските.

Џули за “Daily Caller” изјавила дека САД имаат најдобри закони за оружје на светот и ја изразила својата фрустрација дека, и покрај нејзините години активна должност во Израелските одбранбени сили, таа не е во состојба легално да поседува огнено оружје како цивил во својата родена земја. 

Таа побарала да биде во борбените сили, кога почнала задолжителна воена служба во 2012-та година. Наместо тоа, добила комфорно биро.

Сепак, нејзиното барање било одобрено во 2013-та година, кога била уфрлена во престижната единица за трагање и спасување.

Почнала да поставува фотографии од своите искуства како борбен војник, а набрзо и се јавиле разни произведувачи на оружје за да биде нивен модел.

“Жените можат да работат што сакаат, колку сакаат и каде сакаат”, вели таа и додава дека “можат и во војската и на било кое друго место”.

Неколку видео снимки на нејзиниот Инстаграм профил го покажуваат нејзиното познавање на огненото оружје, од пиштоли до автоматски пушки.

Иако се соочува со некои осуди на своите профили, во главно во коментарите, таа е позитивна.

“Бев благословена со одредени вештини и се што сакам е да бидам најдобра верзија на себе”, рекла во интервју и додала дека се чувствува моќно додека држи оружје.

Translate »