Австриски министер во чорапи се прошета низ парламентот (ФОТО)
Министерот за европски прашања од Австрија, Гернот Блимел, во парламентот предизвика модна, но и политичка бура, бидејќи низ собраниската сала се прошета без чевли, односно по чорапи.
Блимел за време на вчерашната седница излезе од пратеничките клупи и одеше во тиркизни чорапи, боите на неговата Народна партија (ОВП).
Кај опозициската Социјалдемократска партија (СПО) ова предизвика големо разочарување.
„Дали вашата политика ве извади од чевлите, господине министер Блимел“, напишаа од СПО на „Твитер“ и порачаа дека министерот треба да се срами од таквото однесување.