Славчо Попоски: Следува нагло и ГОЛЕМО затоплување, висок УВ ИНДЕКС, Сахарска песок но и услови за НЕВРЕМЕ
Под влијание на значително потопла воздушна маса која ќе продре од северните предели на Африка кон нашата територија од утре па натаму ќе има брз и значителен пораст на температурите на воздухот кој насекаде ќе се искачат над 20 степени додека во централните и во југоисточните предели од државава истите се очекува да се искачат околу 30 степени. Поради јужното и југозападното воздушно струење повторно од Сахара кон нашата држава ќе започне да се врши транспорт на прашина и на песок со што кај метеопатите токму поради ова можно е да се појават нови здравствени проблеми.
Утре времето ќе биде постабилно односно сончево со умерена облачност а попладне само во планинските предели има услови за локален краткотраен дожд и грмежи и тоа особено на северозапад од земјава, во недела попладне а особено во понеделник ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилвен ветер. Локално процесите можно е повторно да бидат поинтензивни и застапени во форма на невреме проследено со пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Потоа и во текот на следната недела повторно ќе има услови за повремено дестабилизирање на атмосферата и појава на врнежи и грмежи.
Постепено во пораст ќе биде и УВ ИНДЕКСОТ и во следните денови ќе се искачи на многу висока вредност и ќе има коефициент 9 па полека граѓаните да си ги спремаат своите заштитни опреми против ултравиолетовото зрачење односно капата и наочарите за сонце.