Tешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Кичево – Охрид
Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што се случи попладнево на магистралниот пат Кичево – Охрид. Како што изјавија за „Макфакс“ од охридската полиција, несреќата се случила околу 14 часот кај селото Добреноец.
„Еден лице го загуби животот. Во незгодата учествувале две возила со кичевски ознаки, едното „фолксваген пасат“, а другото „сузуки марути“. Има и повредени патници, но засега нема информација за колку лица станува збор“, вели портпаролот на охридската полиција, Стефан Димоски.
Во моментот се врши увид предводен од јавен обвинител и полициски екипи. Има застој во сообраќајот во двата правца.