ГЕРМАНСКИ СОВЕТНИК НОТИРА ШТО ГИ КОЧИ РЕФОРМИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Високиот степен на корупција, непочитувањето на законите и неплаќањето даноци се трите негативни сегменти кои не дозволуваат во целост да се имплементираат економските реформи во Македонија. Остра критика денеска испрати советникот на владата Вaлтер Дефа, кој во земјава дојде по препорака на германската Канцеларка, Ангела Меркел, да помогне во подобрување на економските политики. Потребни се инвестиции, но никако не смее да се продлабочува јавниот долг, вели германскиот советник, пренесе Алсат.

„Да се биде успешен во имплементацијата треба да се фокусирате на приоритетите. Приоритетите се важни бидејќи не може сè да направите во исто време и тоа е ризикот во ваков процес. Ако процесот не е ориентиран кон имплементација, тогаш ризикот е да се дегенерира во бирократска вежба. А, тоа не може да си го дозволите. Програмата за економски реформи не е само пополнување прашалници, не е тоа целта“, рече Валтер Дефа советник во владата.

Translate »