Пред Руската амбасада присутните извикуваа: “Да се протера Заев”

На вчерашниот собир за поддршка на Русија организиран од партијата „Единствена Македонија“ на Јанко Бачев кој се одржа пред Руската амбасада во Скопје се обрати и Рускиот амбасадор во Македонија, Олег Шчербак.

Најголемо внимание од неговиот говор предизвика делот во кој тој се заблагодари за навредите кои присутните на протестот ги кажаа за премиерот Зоран Заев.

Делот од видеото започнува на 04:22, извиците од насобраните кои се однесуваат на Заев започнуваат на 04:50, а одговорот од амбасадорот е на 5:18 од видеото.

Откако Шчербак го спомена протерувањето на рускиот дипломат од Македонија, насобраните почнаа да викаат „УА“, па следеа следните извици и коментари:

„Да се протера Зоки Заев“, „Ние сме окупирани“, „Ние сме окупирани од НАТО“, „Со Русија сме“, „Народот е исплашен“, на што Шчербак одговори со „Знам“, па следуваа коментарите – „Заев, копиле муртинско“, „Копиле, мајку му е..м“, „У Сирија таму нека смирува, да му е..м, све да му е..м“. Шчербак на ова се насмеа по што кажа – „Спасибо за ваши комментарии“, односно „Ви благодарам за вашите коментари“.

По ова насобраните аплаудираа и викаа „Русија, Русија, Русија“…

Тој претходно им се заблагодари на присутните за поддршката и за, како што рече, чувството на правда кое  го покажале пред амбасадата. Рече дека одлуката за протерување на дипломатот била избрзана повикувајќи се на лажното чувство на солидарност кон Велика Британија и дека нанесува голема штета на билатералната соработка. Видео и фото A1on

 

Translate »