(ВИДЕО)Успешна мисија важна за науката: Две јапонски сонди слетаа на астероидот Ријугу
Јапонско вселенско летало „Хајабуса2“ испрати два мали робота на астероидот Ријугу во рамките на истражувањето што може да помогне во знаењето за потеклото на Сончевиот систем.
Јапонската агенција за истражување на вселената соопшти дека два ровери „Минерва-II“ слетаа без екипаж на астероидот Ријугу. Леталото се доближи до астероидот во јуни, на околу 280 милиони километри од Земјата.
Aгенција наведе дека на потврда за слетување на сондите мора да се чека до утре, додека не почнат да стигнуваат податоци од нив.
Двата роботи би требало да направат фотографии и да ја измерат температурата на астероидот, а за во октомври е предвидено да се испрати поголем ровер.
Леталото „Хајабуса2“ е лансирано во декември 2014 година, а треба да се врати на Земјата на крајот од 2020 година.